Напад на геј бар во Киев (видео)

Loading...

Напад на геј бар во Киев (видео)

Бар во Киев, посетен од членови на ЛГБТ заедницата, беше нападнат од група маскирани напаѓачи, за кои се верува дека се неонацисти, кои ги искршиле прозорците на објектот и ги уништиле седиштата на отворено.
Барот HvLv, лоциран во централниот дел на главниот град на Украина, беше цел на напад доцна во петокот. Местото го нападнаа околу 20 маскирани мажи, од кои некои биле вооружени со палки и бибер спреј.

Надзорните снимки од местото на настанот кои кружат на интернет ги покажуваат напаѓачите како се тепаат со двајца чувари на барот, при што двете страни меѓусебно се полеваат со бибер спреј. Персоналот за безбедност се повлече во барот, оставајќи го просторот за седење на отворено на милост и немилост на напаѓачите.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...