Напиток во кој се колне Селма Хаек: Благодарение на него има мазна и блескава кожа

Loading...

Актерката Селма Хаек има 54 години, но на основа на нејзиниот изглед, тоа никогаш не би го помислиле – таа без проблем може да застане рамо до рамо и со многу помлади девојки.
За разлика од нејзините холивудски колешки кои редовно посетуваат пластични хирурзи, Селма тврди дека никогаш не направила ниту една корекција на лицето. Таа е поборник на здравиот живот, природните начини на подмладување и достоинственото стареење.
Хаек е уверена дека она што го јадеме и пиеме се одразува на состојбата на нашата кожа, па затоа секое утро го започнува со посебно направен сок за кој вели дека е „виновникот“ за нејзиниот младешки изглед. Освен што има позитивно влијание на кожата, овој напиток е одличен и за целокупното здравје на организмот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)


Таа неодамна на Инстаграм го споделила рецептот за кој ви се потребни портокали, куркума, црн бибер и волјчи трн.
Портокал
Главната состојка за сокот се портокалите бидејќи ова е овошје полно со витамин Ц. Покрај тоа што се добри за кожата, тие го зајакнуваат имунитетот и одлично влијаат врз дигестијата и расположението.
Куркума
Во исцедениот сок од портокал, Селма додава мало парче куркума – зачин кој експертите го обожуваат бидејќи има антибактериско и антивоспалително дејство врз организмот.
Црн бибер
Во исцедениот сок, актерката додава малку црн бибер бидејќи тврди дека тоа му помага на организмот подобро да ја апсорбира куркумата, а плус и го забрзува метаболизмот.
Волјчи трн
Оваа билка содржи голема количина витамин Ц и Б12 и го поттикнува телото да произведува колаген кој е многу важен за еластичноста и младешкиот изглед на кожата. Хаек открила дека го користи во облик на масло и во својот сок додава неколку капки.

loading...