Наполитано: Бомбите во Бостон не се дел од поголем заговор, 183 ранети

 Нема знаци дека бомбите кои беа подметнати во Бостон, а од чија експлозија загинаа три и ранети се според последните информации 183 лица, се дел од поширок заговор, рече во вторникот по локално време американската министерка за национална безбедност, Џенет Наполитано.Наполитано, како што пренесува Reuters, рекла и дека поради дополнителна претпазливост ќе бидат засилени безбедносните мерки на фреквентните места. Побара од Американците да останат будни и на полицијата и другите безбедносни служби да им пријават веднаш какво и да е сомнително оденсување.Во бостонските болници медицински се згрижени според последните информации 183 луѓе, од кои 23 се во критична состојба, а 40 се во тешка состојба, пренесува американската телевизиска мрежа CNN. На многу повредени морале да им бидат ампутирани нозете. Меѓу повредените има деца кои заедно со родителите го гледале маратонот во близина на целтаОсумгодишното момче Мартин Ричард е една од трите жртви на бомбашките напади на бостонскиот маратон, додека неговата мајка и помалата сестра се тешко повредени и се наоѓаат во болница. Mомченцето  настрадало кога истрчало да го гушне својот татко Бил Ричард во моментот кога ја минал целната линија. Ричард, инаку бил општински функционер.Лагерите кои биле ставени во импровизираните експлозивни направи оставени во канти за ѓубре на сто и педесет метри од целта кои биле активирани најверојатно со мобилен телефон во интервал до 12 секунди, предизвикале особено тешки повреди, велат бостонските лекари.
Макфакс Нема знаци дека бомбите кои беа подметнати во Бостон, а од чија експлозија загинаа три и ранети се според послед

Пронајдете не на следниве мрежи: