НАПРАВЕТЕ ВКУСНИ КРОКЕТИ ОД КОМПИРИ

Тајната е во сирењето. Измешајте го пирето од компири со сирење, а потоа тркалајте во презла.
Состојки:
600 гр компири
200 гр сирење
1 јајце
10 гр путер
100 гр брашно
16 g прашок за пециво
За поховање:
2 јајца
презла
Подготовка:
Компирите сварете ги, па испасирајте ги. Додадете путер, брашно, прашок за пециво, јајце, сол, бибер и рендано сирење.
Сè добро измешајте. Оставете во фрижидер 2 часа да се стегне. Од добиената смеса формирајте крокети кои ги валкате во изматени јајца, а потоа во презла. Се пржат на загреано масло на умерена температура.

Пронајдете не на следниве мрежи: