Направете го кромидот поблаг и ослободете се од неговата жестина

Loading...

Познатиот готвач Џејми Оливер неодамна на Инстаграм открил едноставен, а ефикасен трик, кој на повеќето ваши специјалитети ќе им даде подобар шмек
Славниот Британец објаснил како да го направите кромидот поблаг и да се ослободите од неговата жестина, што на јадењата ќе им даде убава арома, без горчина или непријатен мирис.
„Секогаш го мијам исечканиот кромид пред готвење. Така станува поблаг, а влагата од миењето му дава посебна слаткост во текот на готвењето“, напишал Џејми, а овој трик го применил додека приготвувал тестенини со туна.
Џејми открил дека овој трик го научил од италијанската колешка Нона Росана и дека навистина дава одлични резултати, а притоа е многу едноставен.
Остриот мирис и горчливиот вкус се резултат на сулфурните соединенија и тиосулфинати во кромидот, кои се појавуваат дури кога ќе го исечкате кромидот. Па така, кога ќе го направите, кромидот го активира својот одбранбен систем заснован на сулфур, кој одбива инсекти и други животни за да не го изедат.
Токму затоа, измивањето на исечканиот кромид е одлична техника што ќе ги направи специјалитетите повкусни.

loading...