Направете домашна моцарела за половина час: Најубавиот италијански деликатес

Loading...

Ако сте љубител на свежа моцарела, ќе ја сакате уште повеќе откако сами ќе ја направите …
За 480 гр моцарела сирење ви требаат:
4 литри домашно кравјо млеко
250 мл вода
10 гр лимонтус
60 мл вода
4 мл сирило
10 гр сол
Подготовка:
Истурете 10 гр лимунтус во 250 мл вода, промешајте додека лимунтусот не се раствори целосно, а потоа истурете во шерпа со ладно млеко и ставете го на шпоретот да се загрее. Откако млекото ќе се загрее на температура од 35 степени (млако кон топло на допир), тргнете го од оган и истурете го сирилото што претходно сте го измешале со вода. Полека промешајте сè, а потоа покријте ја шерпата со капак и оставете ја да се усири околу 15-30 минути. Кога ќе се создаде усирена маса слична на кисело млеко, исечете ја на парчиња со нож и загрејте ја на температура од 45 степени (да стане топла на допир), мешајќи повремено.
За тоа време, усирената маса ќе почне да се претвора во моцарела. Кога ќе се достигне посакуваната температура, тргнете го од оган и исцедете го сирењето. Истурете 10 гр сол во сурутката (течноста што ја оставивме по готвењето) и загрејте ја на температура од 65 степени (жешка на допир), ставете го сирењето заедно со решетка во врелата сурутка. Откако ќе се загрее сирењето (а ви требаат само 10-15 секунди), извадете го и истегнете го 2-3 пати, а потоа вратете го повторно да се загрее и повторете ја оваа постапка 3-4 пати додека површината на сирењето не стане мазна и добива изглед на мастика. Поделете го сирењето на две топчиња, обликувајте го секое со користење на техниката прикажана на видеото и веднаш по обликувањето, ставете го во сад со ладна вода со цел сирењето да се стегне и да се одржи во форма. Ставете ја готовата моцарела во сад, истурете изладена сурутка и чувајте ја во фрижидер до употреба.

loading...