Направете карбонара по рецептот на Џејми Оливер

Loading...

Џејми Оливер сподели рецепт за карбонара – јадење кое е идеално да се подготви ако не сакате да стоите долго во кујната и ако немате многу состојки дома. Состојките што ги наведе, се доволни за две порции, а целата подготовка се прави за 10 минути.
Состојки:
3 големи жолчки од јајце
40 гр пармезан
150 гр сланина
200 гр шпагети
1 чешне лук
Маслиново масло
Подготовка:
Ставете ги жолчките во сад, додадете пармезан, бибер и потоа измешајте со вилушка. Оставете ја на страна и исечете ја сланината – Џејми советува да се отстранат помрсните делови. Гответе ги шпагетите според упатствата на пакувањето. Загрејте една лажица масло во една тава, додадете едно чешне лук што претходно сте го притиснале со рака и пржете околу 60 секунди. Промешајте ја сланината, пржете додека не стане крцкава. Извадете парче лук, исцедете ги шпагетите, но заштедете малку од водата во која се готвеле. Додадете ги во сланината за да добијат вкус и мирис, а потоа тргнете сè од оган. Во тестенините со сланина додадете лажица вода од тестенините, бибер и жолчките. Топлината на тавата и шпагетите ќе ги сварат жолчките. Додадете повеќе вода, доколку е потребно, за да добиете фин сос.

loading...