Направете сами: Цврст лосион за тело кој ја храни вашата кожа и ја прави кадифено мека

Цврстите лосиони за тело не се користат толку колку течните, но се исто толку ефикасни.
Дополнително, тие се економични бидејќи траат подолго, а освен тоа нема да има осипување или претерано подмачкување, па кожата нема да биде мрсна.
Љубителите на природната козметика се повеќе се свртуваат кон цврсти лосиони, за кои секогаш од состојките знаат што има во нив, а со тоа и какви материи нанесуваат на својата кожа.
Исто така, цврстите лосиони го поддржуваат концептот за одржлив развој и заштита на животната средина, бидејќи не се чуваат во пластична амбалажа, па доколку сте поддржувач на борбата за поздрава и почиста планета, нема потреба да се откажувате од негата на кожата.
Треба малку да ги засукате ракавите и да направите нешто многу корисно и ефективно.
Состојки:
– пчелин восок, 3 лажици
– Бадем, јојоба или маслиново масло, 2 лажици
– путер од какао, 4 лажици
– Шеа путер, 3 лажици
– етерично масло по избор, 5 капки
Подготовка:
Загрејте ја водата и во садот додајте ги пчелин восок, бадемово масло и какао путер. Оставете ги сите состојки да се стопат на пареа додека не се соединат. Сега додадете шеа путер и есенцијално масло.
Кога ќе завршите со готвењето, истурете ја смесата во калап за коцки мраз, или друг сад од кој лесно можете да ја извадите и ставете ги во фрижидер. Смесата треба да стои на ладно место додека целосно не се стегне.
Овој лосион се препорачува да се користи пред спиење, за кожата да омекне преку ноќ, а наутро да биде мека и кадифена. Цврстите лосиони изгледаат слично на сапуните, а се користат на сличен начин.
Со секое движење низ кожата ќе почувствувате како лосионот се топи и останува на вашето тело.
Бидејќи е направен само од природни состојки, лосионот може да се користи и за нега на усните.

Пронајдете не на следниве мрежи: