Направете солени палачинки

Loading...

Нема да ги купите повторно
Направете ја смесата и во неа ставете го зеленчукот кој ви се допаѓа, па испечете како и обично. Ќе ве воодушеват бидејќи не мора да ги филувате, се е веќе во тестото, а можете да ги послужите со сирење или павлака.
Состојки:
2 јајца
1,5 лажичка сол
1 лажица кристален шеќер
1 лажица сув квасец
1,5 шолја топло млеко (300 мл)
1,5 шолја топла вода (300 мл)
3,5 шолји брашно (450 гр)
1 кромид
1 црвена пиперка
1 домат
2 страка праз
магдонос
1 шолја рендан компир
слатка пченка
масло за пржење
Подготовка:
Изматете ги јајцата и додадете ги шеќерот, квасецот, топлото млеко и топлата вода и промешајте. Додадете го брашното и повторно измешајте. Покријте го тестото и оставете го на страна додека го подготвувате филот.
Кромидот, празот, пиперката, доматот, магдоносот ситно се сечкаат. Изрендајте ги компирите. Додадете го зеленчукот во претходната смеса и измешајте. Не заборавајте на слатката пченка. Намачкајте едно тавче за палачинки со масло и печете од двете страни. Послужете со кисела павлака или сирење.

loading...
Loading...