Народната Стапот има два краја

Ги читам со денови коментарите на ФБ и сваќам дека сме станале исфрустрирана нација која освен да плука и да критикува не презма акција за ништо. Се повеќе луге исчезнати се повеќе шпекулации.Тепаат по затвори , глумат едните позиција а другите опозиција ,народот депримиран како да нема крај на ова лудило  .Не прекрстија двојазичност ни воведоа дома  и замисли тие што не прекрстија излегоа на масовни протести ни Македонија да не ни пишувало во името.  А ние? Експерти на ФБ.

Сите се знаат, рекла казала, а системот корумпиран на сите страни до даска . А и тие што работеа да го корумпираат им се лупна од глава . Затоа што стапот што го направија да не контролираат нас се удири и од нивна глава ама буквално . Завршија во затвори што не сакаа да ги реновираат ,агрономите што станаа полицајци незнаат што прават , тероризам е високоисплатлив бизнис гласовите требаат па се пазариш и нормално тие истите се пазарат и со другите и кај е крајот . Отаму народната Стапот има два краја. Но што е сатисфакција дали на некој му се вратило и се искршил стапот од него  кога болеста и метастазите на грешките на поеднци се проширени на цело општество. Се давиме без никаква помош и некој да ни пружи рака . И нема да ни пружи самите мора да си помогнеме и да ги утепаме со презир прекор и тивок бојкот Затоа луге мои пред да почнеме сите да дигаме раце и да викаме дека нема подобро од ова да дигнеме глава и да кажеме да има подобро од ова . Ние ќе бидеме подобри. Секогаш кога ќе помислиме да ги прекршуваме правилата и да правиме отстапки треба да ни биде јасно што ќе оставам за своите деца ? Дали оваа моја постапка  ќе направи преседан и ќе им се удри од глава некогаш на мој близок на мое дете .Доста се изговори правете добро за себе и само за себе дури и некој кога ве напага со зло.