НАСА бара помош од граѓаните за следење на опасните астероиди

Loading...

Американската вселенска агенција НАСА се обрати на сите аматери астрономи и сите граѓани на земјата да и помогнат во следењето на движењата на астероиди кои би можеле да ја опостушат земјата.
Од НАСА ова барање го објавија на нивната официјална веб страна и го упатија до сите владини агенции, меѓународни партнери и до академската заедница на Америка. Причината за ова е вкупната површина на потенцијално опасни астероиди, која ја споредуваат со онаа вселенска карпа која пред 65 милиони години го предизвикала исчезнувањето на диносаурусите.
Тие велат дека дури и помалите вселенски камења можат да бидат опасни и тоа без разлика на тоа дали ќе мавнат или не во Земјата. Често слушаме за метеорски дожд, кој се создава од распаѓање на еден метеор, кој предизвикал проблеми, па и жртви.
Токму затоа, НАСА бара од нас да се вклучиме и помогнеме. Веќе стотина аматери астрономи се вклучени во програмата за објекти блиски на Земјата од НАСА, а целта на НАСА е да ги откријат сите вселенски тела поголеми од 30 метра кои се движат во орбитата на земјата. Од НАСА исто така најавија и планови за пренасочување на мали астероиди во стабилна орбита.
Американската вселенска агенција НАСА се обрати на сите аматери астрономи и сите граѓани на земјата да и помогнат во с

loading...
Loading...