НАСА е спремна да ви плати повеќе од 13 илјади евра за вашата мрзеливост

Loading...

Американската вселенска агенција распишала најнов оглас за работа во кој се бара личност која толку го обожува својот кревет, што никогаш не би излегла од него. Всушност, не никогаш – само 70 дена без прекин.
НАСА е спремна ваквата повеќемесечна “активност” да ја плати 12 илјади фунти, односно околу 13.300 евра. Целта е испитување на положбата на астронаутите во бестежинскиот простор.
Тие ќе го набљудуваат својот вработен додека спие, но освен спиење, од него ќе се бара и во текот на оваа работа да се капе и да јаде на истото место и во истата положба.  

Научниците ќе собираат податоци за неговиот крвен притисок, работата на срцето, апсорбцијата на витамини, потрошувачката на енергија, масата на коските па дури и расположението.
Сето тоа ќе им помогне да сфатат како функционира животот во вселената кога гравитацијата ќе ја премезе работата во свои раце. Испитаникот ќе може да се избори со здодевноста со тоа што ќе му биде овозможена шанса да посетува онлајн курсеви или да научи нов јазик.
Секако, пријателите и семејството ќе можат да го посетуваат.

loading...