НАСА избра компанија за изградба на инфраструктура на Месечината

Американската вселенска агенција НАСА, во потрага по практични решенија за изградба на одржливи структури на Месечината, го продлабочи партнерството со компанијата „ИKОН“ од Остин, Тексас, САД.


„ИKОН“ е познат по изградбата на првата вселива 3-Д печатена куќа во САД во 2018 година, а НАСА сега ја продлабочува својата соработка со фирмата, доделувајќи ѝ договор во вредност од 57,2 милиони долари за развој на „решенија коишто може да помогнат во изградбата на инфраструктура како што се објекти за живеење, патишта и сл. на површината на Месечината, како и точки за слетување“. Со потпишување низа договори со приватни компании, НАСА се обидува долгорочно да ги осигури своите мисии за истражување на Месечината во рамките на програмата „Артемис“.

НАСА избра компанија за изградба на инфраструктура на Месечината

– Поттикнувањето на овој развој со нашите комерцијални партнери ќе ги создаде можностите потребни за идните мисии, рече Ники Веркхајзер, директорка за развој на технологија во Дирекцијата на мисијата за вселенска технологија при НАСА.
Станува збор за иницијатива за истражувања, чии претходни фази имаа за цел да ги прошират можностите на 3-Д печатените структури коишто ќе се користат во мисиите во вселената.

– Со цел да истражуваме други светови, треба да ги прилагодиме новите технологии во тие средини и на потребите на нашето истражување, додаде Веркхајзер.
Според програмата „Артемис“, првата подолготрајна мисија на Месечината треба се изведе по речиси 50 години. Првата жена, пак, ќе стапне на Месечината, заедно со уште еден астронаут, како што првично се најавува – во 2024 година. Во меѓувреме, капсулата „Орион“ на НАСА прелета над Месечината, а нејзиното враќање се очекува на 11 декември.

Пронајдете не на следниве мрежи: