НАСА објави сателитски снимки од грчките пожари

Loading...

Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) објави сателитски снимки од пожарите во околината на грчкиот главен град Атина, во кои загинаа над 80 лица, а околу 180 беа повредени.
Снимките ги покажуваат густите столбови чад кои се креваат од предградијата на Атина и кои покрија голем дел од земјата.


Најтешко погодени беа атинските предградија Мати и Рафина, каде што се уште се трага по исчезнати граѓани и туристи.

loading...