НАСА смирува – на Земјата неколку века не и’ се закануваат големи астероиди

Loading...

Во текот на следните неколку векови, според научниците, не постои опасност од удар на астероид кој може да предизвика катастрофа од глобални пропорции со уништување на значителен дел од населението на Земјата, изјави Линдли Џонсон, директор на одделот на американската агенција за вселенски истражувања NASA, за истражување објекти во близина на Земјата.„Не постојат познати во близина на Земјата објекти со димензии поголеми од километар, кои можат да ја погодат Земјата во наредните неколку векови“, рече Линдли Џонсон на прес-конференција во Виена, во средата по состанокот на Комитетот на Обединетите нации за цивилна употреба на вселенското пространство.Падот на астероид со големина од околу еден километар на површината на Земјата, кој може да се случи еднаш во милион години не може да доведе до уништување на цивилизацијата, но ќе предизвика уништување од глобални димензии, а бројот на жртвите би можел да достигне милијарда луѓе.Темата за заканата од астероиди и комети го сврте врз себе вниманието на пошироката светска јавност по експлозијата на големиот метеор над рускиот град Чељабинск минатиот петок наутро, само неколку часа по минувањето на астероидот 2012 DA14 на рекордно мало растојание од Земјата.
МакфаксВо текот на следните неколку векови, според научниците, не постои опасност од удар на астероид кој може да преди

loading...