НАСИЛИЕ НА УЛИЦИТЕ: МАКРОН НАПАДНАТ СО ШАМАР НА УЛИЦА

На средба со сопственици на ресторани и студенти, Макрон беше нападнат. Се појави нова слика за напад на францускиот лидер.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон се соочуваше со жестоки протестите за време на својот мандат. Макрон, кој претходно беше нападнат со јајца, овој пат доби шлаканица.

НАСИЛИЕ НА УЛИЦИТЕ: МАКРОН НАПАДНАТ СО ШАМАР НА УЛИЦА

Макрон, кој ги поздрави луѓето беше нападнат со шамар од демонстрант.

На снимката едно лице му удира шлаканица на Макрон, кој се приближува до толпата. Некои од телохранителите веднаш му одговорија на напаѓачот, додека други се погрижија за безбедноста на Макрон.

Напаѓачот, кој бил легнат на земја, брзо бил приведен. Снимката од шамарот кон Макрон стана вирална на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.