Наставниците масовно да се вакцинираат во корист на учениците, вели Царовска

Loading...

Министерката за образование и наука Мила Царовска очекува бројот на вакцинирани наставници да се зголеми до септември. Додава дека до одреден степен процентот на вакцинирани наставници досега е задоволителен, но сепак апелира просветните работници масовно да се вакцинираат против Ковид 19, со цел да не се загрози наставниот процес.
Од друга страна, учениците очекуваат во септември училиштата да бидат отворени.
„Мислам дека е многу важно оваа година да ја започнеме со физичко присуство за наше ментално добро, за социјализација затоа што имавме многу штета во однос на социјален аспект, а исто така и во однос на образованието. Ни недостига физичко присуство, училиштето, училишните клупи, наставниците, професорите итн“, рече Ера Алиу- потпретседателка на Сојузот на ученици.
Вчера, министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека досега се вакцинирани над 55% од работниците во образованието. Истиот процент на вакцинирани е и меѓу вработените во градинките.

loading...
Loading...