Наставничка се сликала во бикини, но се случило нешто лошо

Loading...

Руска наставничка добила отказ поради објавена фотографија на Инстаграм на која позира во бикини костим за плус-сајз девојки.
Викторија Попова доби голема поддршка од јавноста откако руските медиуми објавија приказна за отказот кој го добила од училиштето поради „лоша репутација која ја донела на училиштето и својата професија,.
Оваа 26-годишна наставничка добила отказ поради протест на лути родители на учинеиците кои ја виделе нејзината фотографија на социјалните мрежи на која позира во пин-ап костим за капење.
-Со ширењето на несериозни фотографии на интернет за да промовира деловен проект безповратно го наруши угледот на училиштето. Го прекрши кодексот на однесуваше кој поддржува морал и етика, соопштија од општината.


Викторија, сепка, не се сложува со објаснувањето.
-Не разбирам зошто ме обвинуваат. Не позирав во долна облика или чорапи. Па зарем не знаат за американскиот пин-ап стил од педесеттите? Луѓето денес се сликаат. Позираат на одмор и ги споделуваат фотографиите преку социјалните мрежи. Ова беше само реклама за костим за капење, вели наставничката која ја поддржаа повеќе од три илјади луѓе на Инстаграм, споделувајќи свои фотографии во костими за капење со хаштагот „И наставниците се луѓе“.

loading...