Настрада 13-годишно девојче, врз него паднала статива

Loading...

Вчера тринаесетгодишно девојче починало откако врз него паднала статива во Соколана во Куманово, потврди полицијата. Несреќниот случај се случил попладнето околу 16:00 часот. Од полицијата соопштија дека девојчето е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државава.
Екипа на Итна помош интервенирала и го однела детето во кумановската болница, каде лекарите се обиделе да го реанимираат, но безупешно. Случајот во полицијата бил пријавен од кумановската болница.

loading...