Наташа Беквалац со порака: Во ред е да скриете мозолче, но не и да го менувате личниот опис

Loading...

Пејачката Наташа Беквалац истакна дека не ѝ се допаѓа тоа што девојчињата сè повеќе ги „прилагодуваат“ своите фотографии до непрепознатливост.
Додека многумина се натпреваруваат да покажат на Инстаграм како живеат идеални животи, Наташа Беквалац не го води својот профил на тој начин. Освен што често покажува како живее надвор од сцената, како и секоја обична жена и мајка, таа неодамна отворено сподели колку страдаше затоа што со години имаше проблематична кожа на лицето, и со тоа уште еднаш покажа дека нема комплекси.


– Со години се борам против живот во лага, тоа е ужасно оптоварувачко. Принудувањето на лажна слика за себе и лагата генерално се оптоварувачки, бидејќи тоа ме тера постојано да се фокусирам на она што сум го излажала, а не можам. Кога ќе ја кажете вистината, таа е секогаш една и можете да бидете опуштени, лагата е грч, а вистината е релаксација, и јас сакам да живеам опуштен живот и да ја кажувам вистината како што е. Не живеев поинаку од која било девојка која имаала проблеми на почетокот на деведесеттите години. Јас разбирам што прават девојките сега, но не разбирам дека не изгледаат какви што се во реалниот живот. Во ред е да скриете мозолче, но не и да го менувате личниот опис. Зборувам воопшто, не само за Инстаграм, зошто би кажувале, среќен сум, а ако не сум, кому воопшто му е гајле за тоа – искрена е Беквалац, која смета дека најважно е да бидеме целосно искрени со самите себе.
– Никогаш не сум жалела што ја кажувам вистината јавно, но се покајав за некои вистини. Тишината и фрлањето на вистината под килим е најлошото нешто. Луѓето се разболуваат поради тоа, и фала му на Бога што одвоив време да разберам некои работи, затоа сум добро- додава таа.

loading...