Наутро, напладне или навечер: Кога (не) треба да се консумира кафе?

Loading...

Кафето е еден од најпопуларните пијалаци во светот, многу луѓе го пијат веднаш штом ќе станат од кревет, додека други веруваат дека тоа ќе има подобар ефект врз телото ако го испијат малку подоцна.
Многу луѓе консумираат кафе веднаш штом ќе се разбудат или барем неколку минути откако ќе се разбудат. Сепак, според најновите информации утврдени од научниците, ако консумирате кафе веднаш по будењето – можно е да го нема посакуваниот ефект врз вашето тело.
Ова се случува затоа што хормонот на стрес кортизол е на својот врв рано наутро. Кортизолот е хормон кој може да ја зголеми будноста и фокусот, а исто така го регулира метаболизмот, имунолошкиот систем и крвниот притисок. Го достигнува својот врв 30-45 минути откако ќе се разбудите, и продолжува да опаѓа до крајот на денот.


Значи, предлогот на експертите е да консумирате кафе кога вашето ниво на кортизол е пониско. На пример, ако станете во 6:30 часот, консумирајте кафе помеѓу 9:30 – 11:30 часот наутро.
Друга причина зошто не треба да консумирате кафе веднаш по будењето е фактот дека кофеинот може да го зголеми нивото на кортизол. На пример, ако го консумирате кога кортизолот е на својот врв, можете дополнително да го зголемите нивото на овој хормон и со тоа да го оштетите вашиот имунолошки систем и да предизвикате здравствени проблеми.
Но, исто така е важно да се потенцира фактот дека не постојат долгорочни студии кои се однесуваат на здравствените последици од покачен кортизол заради консумирање на кафе. Но, ако го промените вашиот утрински ритуал, може да откриете дека одложувањето на внесувањето кафе му дава поголема сила на вашето тело.
Доколку сакате да го зголемите енергетското ниво пред тренинг, се предлага да консумирате кафе 30-60 минути пред физичката активност. Од друга страна, кафето може да предизвика вознемиреност и проблеми со спиењето. За да избегнете нарушувања на спиењето, не консумирајте кафе шест часа пред спиење.
Колку кофеин се препорачува да се пие дневно? Според експертите, идеална количина е 400 милиграми кофеин, поточно, четири шолји кафе. На бремените жени и доилки им се препорачува 200 до 300 милиграми кафе на ден.

loading...