Научниците веруваат дека канабисот може да помогне во спречување и лекување на коронавирусот

Loading...

Тим канадски научници веруваат дека канабисот може да помогне во превенција и потоа лекување на коронавирус. Тие се фокусираа на одредени активни супстанции во канабисот кои можат да ја зајакнат заштитата на клетките од коронавирус.
Истражувачите од Универзитетот во Летбриџ се убедени дека некои активни состојки од канабис можат да помогнат да се спречи вирусот да влегува во клетките на белите дробови, каде што потоа се размножува и шири. Тие посочуваат дека канабисот може да ги намали влезните места на вирусот до 70 проценти.
Според канадската студија, канабидиол би го променил нивото на ACE2 во организмот, што би направило лицето да биде помалку „пожелен“ домаќин на вирусот и, во теорија, да го намали ризикот од инфекција, пишува „Њујорк пост”.
„Нашата работа може да има огромно влијание бидејќи нема многу лекови што можат да ја намалат инфекцијата за 70-80 проценти“, се вели во студијата.
Тие изолирале 13 екстракти од 800 варијанти на канабис за кои веруваат дека можат да влијаат на нивото на ACE2 во човечкото тело.

Научниците истакнаа дека се потребни повеќе истражувања за да се докаже ефективноста на канабидиол.
„Веруваме дека во иднина подготовките на канабидиол би можеле да бидат додаток на третман или превенција во борбата против коронавирусот“, рече истражувачот Олга Ковалчук.
Канабисот може да се користи дури и за „развој на едноставни превентивни третмани во форма на плакнења на устата и грлото“, покажа студијата, со „потенцијал да се намали влегувањето на вирусот“ преку устата.

loading...