НАУЧНИЦИТЕ ЗАГРИЖЕНИ: До пролет веројатно ќе има варијанта на вирусот целосно отпорна на вакцините

Loading...

Научниците се загрижени дека до пролет идната година би можеле да имаме нова варијанта на коронавирусот, отпорна на вакцините.
„Што порано примиме бустер доза на вакцина толку ќе ни биде подобра состојбата во следните неколку месеци. За жал, секое предвидување кое го имав досега се исполни. Се надевам дека овој пат не сум во право, но мислам дека до март, април или мај ќе има варијанта на вирусот целосно отпорна на вакцини. Едноставно не може да имаме толку низок степен на вакцинирани во светот додека вирусот се шири како пинг-понг топче меѓу вакцинираните и невакцинираните. Јас сум имунолог. Веројатноста дека наскоро ќе имаме вирус отпорен на вакцини е многу висока“, изјави д-р Марк Дибул, професор на Универзитетот во Џорџтаун.
Овој угледен имунолог смета дека до напредок ќе дојде во терапиите и вакцините за да се запре масовното ширење на таа варијанта на вирусот, вели дека спрејовите за нос би можеле да помогнат во негово запирање.
„Мислам дека ќе имаме такви производи до следната година и половина. Долгорочно ќе се доведе состојбата во ред, но периодот до тогаш би можел да ни биде прилично тежок“, додаде тој.
И американскиот научник и имунолог Ентони Фаучи претходно предупреди дека би можело да пристигне монструозна варијанта на вирусот во споредба со која делта сојот би изгледал слаб.
„Секогаш постои ризик за сè, колку повеќе вирусот циркулира во светот ќе доаѓа до нови мутации кои ќе бидат битно поинакви од сегашните присутни варијанти“, изјави Фаучи.

loading...
Loading...