Научниците открија нова причина зошто постојано сме гладни

Loading...

Истражување направено од повеќе универзитети повторно ја оживеа врската помеѓу нивото на шеќерот во крв и апетитот откривајќи дека оваа врска е далеку покомплексна отколку што десега се мислеше, со што дава нов увид во тоа како да се скроти константниот глад.
Истражувачите ја испитувале реакцијата на шеќерот во крв и други индикатори од 1.070 учесници во Обединетото Кралтсво и САД, земајќи податоци од проектот за нутри истражување ПРЕДИКТ (Personalised REsponses to DIetary Composition Trial).
Волонтерите јаделе стандарнен појадок после кој биле слободни да ги одберат наредните оброци за остатокот од денот, со тоа што се придржувале на правило да не јадат во наредните три часа после појадувањето.
Цело време носеле апаратче за мерење на гликоза во крвта и воделе евиденција што и кога јаделе користејќи мобилна апликација, заедно со еведентирање на моментите на глад кои сами ги внесувале. Сето тоа го правеле за период од две недели.
Истражувачите открија дека опаѓањето на нивото на гликоза во крвта било значително поврзано со периодите на зголемен апетит и потрошувачка на енергија/калории.
Учесниците со големо опаѓање на гликоза во крвта доживеале зголемување на апетитот за 9%, својот втор оброк го јаделе половина час порано од останатите и пријавиле просечен внес на 300 калории на дневна база, повеќе отколку оние кои немале опаѓање на гликоза.
„Ова истражување има голем потенцијал да им помогне на луѓето да ја разберат и контролираат својата телесна тежина и да имаат долготрајно здравје. Многумина безуспешно се обидуваат да загубат килограми, а само неколку стотини екста калории дневно може да допринесат за неколку килограми плус на годишно ниво“, објаснува Ана Валдес од Универзитетот во Нотингем.
Во модерната ера фокусот на истражувањето е на хормоните, како што е грелинот, но ова најново истражување покажува дека нивото на гликозата часови после оброк и натаму може да има влијание врз градта во текот на денот и тоа многу повеќе отколку што досега се мислеше.

loading...
Loading...