Научниците постигнаа стаорците да си ги читаат мислите

Loading...

Научниците со помош на електронички сензори ги „фатиле” мислите на експериментален стаорец во лабораторија во Бразил и преку интернет му ги испратиле на друг стаорец во САД кој, откако ги примил мислите на првиот, го имитирал неговото однесување, со што е остварен феноменот „комуникација на мозоците”, и тоа е најблиското што се однесува на читањето на мислите остварено што некој му се приближил во стварноста.

Резултатите од ова истражување се објавени во специјализираниот магазин Scientific Reports, и освен научно-фантастичниот впечаток, ова истражување претставува напредок во директната комуникација меѓу мозоците и според научниците може да претставува темел на нешто што невробиологот од медицинскиот центар на универзитетот Дјук, Мигуел Николелис го нарекува „органски компјутер” во кој повеќе мозоци се поврзани за да се решат проблеми кои не може да ги разреши еден мозок.
Сепак, треба да се нагласи дека според некои научници ваквите опити се сметаа за етичко „минско поле”, особено откако раководителот на истражувањето Николелис објави дека сега работат на комуникацијата на мозоците на мајмуните.
„Остварувањето на комуникацијата меѓу мозоците на приматите поставува низа етички проблеми. Луѓето со право стануваа нервозни кога читаат за ставање предмети во мозоците на животните и менувањето на нивното однесување преку нив. Со таква иднина војната со беспилотните летала изгледа застарена како и војната со мускети”, вели за Reuters научник кој барал да остане анонимен кој предупредува на можноста од создавање армии од животни или луѓе со чиишто мозоци ќе се управува од далечина.
Лабораторијата на Николелис за потребите на ова истражување добила 26 милиони долари од американското министерство за одбрана – Пентагон. Тој си го поставил прашањето дали може еден мозок да ги декодира електричните сигнали коишто ги создава друг мозок и, како што вели, експериметнтот со стаорците му дал потврден одговор.
При еден експеримент, научниците од универзитетот Дјук тренирале еден стаорец кој требал да ја игра ролјата на испраќач на мислите да ја притисне вистинската рачка секогаш кога ќе се запали црвена светилка. Секое успешно движење било наградувано со вода. Стаорците на кои им била наменета улогата на примачи на мислите, биле тренирани да ја притиснат вистинската рачка секогаш кој научниците преку имплатанти им ги стимулирале мозоците со струја.
По обуката, научниците ги споиле мозоците на стаорците директно со помош на микроелектроди сто пати потенки од човечко влакно и други тенки жици. Со тоа обезбедиле активноста на мозоците на стаорците, кои ги притискале рачките по појавата на црвената светлина, да се пренесуваат директно во мозокот на седум стаорци примачи на мислите.
Примачите на мислите не можеле да ја видат црвената светлина. И покрај тоа, по правило ја притискале вистинската рачка и за секоја добро извршена задача добивале награда. И стаорците испраќачи на мислите истовремено добивале награда за успехот на стаорците со коишто биле поврзани.
Од друга страна, стаорецот испраќач на мислите не би добил награда која примачот на мислите ќе згрешел. По тоа, испраќачот очигледно се трудел повеќе д асе концентрира на својата задача, па побрзо ги избирал вистинските рачки. Како резултат на тоа, сигналите од неговиот мозок станувале сé појасни и погласни и примачите на мислите сé помалку правеле грешки.
„Испраќачот, поточно, го променил функционирањето на својот мозок, за неговите сигнали да станат појасни и поедноставни за неговите партнери”, изјавил Николелис.
Научниците, исто така, ги тренирале стаорците зависно од широчината о отворот пред нив да го стиснат копчето за тесен односно за широк отвор. Стаорците примачи на мислите точно ги притискале копчињата за соодветната широчина на отворот.
По првата фаза од експериментот во која сите стаорци биле во иста лабораторија, научниците ги поделиле стаорците и дел бил однесен во Бразил, а дел на американскиот универзитет Дјук. Мозочните сигнали се пренесувале преку интернет меѓу двете лаборатории и покрај пречките во интернет врските мозокот на примачот на мислите успевал да ја дешифрира пораката на испраќачот на мислите. Тимот на Николелис најави дека сега работи на поврзување на мозоците на четири стаорци.
Makфакс
Научниците со помош на електронички сензори ги „фатиле” мислите на експериментален стаорец во лабораторија во Бр

loading...