Научниците ја открија тајната на фокландскиот волк

Loading...

 Група научници претпоставува дека ја открила тајната на населувањето на фокландскиот волк истребен 1876 година на Фокландскиот архипелаг.Станува збор за животно коешто опстојувало во времето на славниот британски научник Чарлс Дарвин, авторот на теоријата за еволуцијата на видовите, кој се прашувал како цицачот кој изгледал делумно како волк а делумно како лисица успеал да дојде на Фокландите речиси 500 километри оддалечени од копното.Волкот, единствениот фокландски автохтон цицач кој се хранел со пингвини и други мали животни, првпат е откриен во XVII век. Од 1834 година, кога Дарвин го поставил прашањето за тоа како кафеновлакнестиот месојад стигнал на архипелагот, досега се појавија многу теории.Групата научници од Австралија, Аргентина и Чиле се на трагата на решението на ова прашање. Тие тестирале ДНК материјал од музејските примероци на фокландскиот волк и го споредиле со генетскиот код на исто така изумрениот јужноамерикански волк.Се покажале дека имаат речиси идентични геноми и хронологијата покажува дека се раздвоиле во текот на последното ледено доба коешто завршило пред 10 до 20 илјади години.Во тоа време нивото на морето било многу пониско отколку што е сега и брегот на јужниот дел на Аргентина и источниот дел од Чиле многу подлабоко навлегувале во областа на јужниот Атлантик.„Волкот го колонизирал Фокландскиот архипелаг преку тесната плитка морска бразда, можно додека била замрзната“, заклучиле научниците се вели во студијата објавена во магазинот Nature Communications.Откако волкот се одомаќил на архипелагот, останал изолиран кога леденото доба завршило и кога пораснало нивото на морето што го „оддалечило“ копното од островите.Волкот е истребен поради крзното и за заштита на домашните животни. Доселениците полуприпитомените животни ги малеле со парчиња месо и потоа ги убивале. За само четири децении популацијата на овој волк од кој последните два примерока биле префрлени во Лондон од чисто љубопитство каде што пцовисале без да остават потомство.
Макфакс Група научници претпоставува дека ја открила тајната на населувањето на фокландскиот волк истребен 1876 го

loading...