Началникот на Генералштабот на српската војска во посета на Македонија

Loading...

Началникот на Генералштабот на војската на Србија, генерал Љубиша Диковиќ во петок и сабота престојува во официјална посета на Македонија.

Предвидено е генерал Диковиќ да се сретне со неговиот домаќин, Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, а за време на престојот е предвидена средба и со македонскиот Министер за одбрана, Талат Џафери.
Главни теми за кои ќе се разговара со делегацијата од Србија ќе биде унапредување на билатералната воена соработка, искуствата на АРМ од учеството во мисиите надвор од Македонија, размена на искуствата од примената на Концептот за оперативните способности на декларираните единици, како и користењето на капацитетите за обука на Армискиот полигон „Криволак”.
АРМ со Војската на Србија има развиено одлична билатерална воена соработка, која се одвива на повеќе полиња како што се: образованието, обуката, вежбите, воено-медицинската обука и други полиња.
Makфакс
Началникот на Генералштабот на војската на Србија, генерал Љубиша Диковиќ во петок и сабота пр

loading...
Loading...