Нашиот Дамјан со одличен настап на „Ѕвездите на Гранд“: На ова младо момче е новата музичка надеж

Loading...

Во новата емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапи шеснесетгодишниот скопјанец Дамјан Димевски. Со песните „Плавуша“ од Кичо Слабинац и „Во коси да ти спијам“ од Тоше Проески 16-годишниот Дамјан му остави одличен впечаток го импресионираше жирито и предизвика позитивни коментари и воодушевување.
Рокенрол пејачот и актер Ѓорѓе Николиќ, познат по уметничкото име Џорџе Давид кој е ментор на Дамјан истакна дека е посебно горд на неговиот настап и посветеност, знаејќи дека изминатиот период Дамјан бил настинат.


Фасциниран од неговиот настап и енергија Џорџе Давид му се заблагодари на Дамјан со зборовите “Ти благодарам што не ме разочара“, земајќи ги во предвид годините и искуството. -Веројатно голема улога за моќниот настап имале и професионалните совети на Џорџе Давид кој има богата музичка кариера и настапи зад себе.
Џорџе Давид беше член на неколку групи и е соло изведувач. Исто така има глумено во неколку филмови, телевизиски серии и театарски претстави за кои има освоено и неколку награди. екај неговите колеги важи за екстремно интелигентен, талентиран, остар на јазик. Се надеваме дека искуството, професионализмот и посветеноста и златниот глас на Џорџе Давид ќе ги држат вратите отворени за Дамјан на ова регионално шоу, велат од тимот на Дамјан.
Настапот на Дамјан може да го погледнете од 1:20:59.

loading...