Наши информации говорат дека летале шамари при посетата на Пеце Богојески Бунтур на Битола

Loading...

Кога известивме пред некој ден за посетата на „висока партиска делегација“ на Битола предводена од Пеце Богојески викан Бунтур, со се секретарот Јанушев не знаевме дека ситуацијата била на чекор до ескалација. По објавувањето на текстот, присутни го прочитале и посакаа да ни дадат дополнување. Но, најпрвин да се потсетиме на неколку детали од првиот: – Сите се сеќавате дека едно време имаше некои тнр „реформатори“.  Дигаа галама, народски џева, требало реформи во ВМРО. И тоа звучеше добро се до оној момент кога беа „усисани“ во Белата палата од огромната сисалка која дава функции на секој и сешто само за да се молчи. Меѓу нив беше и Пеце. Стана заменик на заменикот или нешто слично. А од реформите не остана ни р ни трага. Но, дали е тоа битно сега? За функционерите не е време, но за членството е доказ дека некој си ја користи партијата за лични агенди… Значи Пеце стана функционер. Баш по примерот на Стејт департмент каде што и десето ниво под секретарот е функционер. И никој не ги слушна негодувањата на членството поради овие „наградувања“ со измислени функции… Параходот си продолжи да си врви… Но игнорирањето на нешто и некој не значи и дека тоа нешто или некој не постои. Туку дека ти не сакаш да ја видиш реалноста. Да ве потсетам Бунтур ги навредуваше тие што протестираат по Скопје за заштита на националните интереси, прогласувајќи ги анблок за руски шпиони, односно „рубља патриоти“. И се така со една неподносли леснотија на постоењето од кабинетот на заменикот на заменикот… Ама цехот дојде. На состанокот од пред некој ден, наши извори информираат, а имема богами добри извори, Бунтур доживела дебакл. Заменикот на заменикот имал задача да собере луѓе за мајскиот митинг во јуни од Битола. Сега треба да се видат неговите способности како заменик на заменикот… Додуша малку го местат, за да го лизнат – од горе. Но се лизнал и од доле. Имено, членовите кога го виделе дека дошол во комитетот во Битола фалите усвет. Сакајќи да покажат дека не се согласуваат со политиката која се води „од горе“. Па така „високата делегација“ останала сама во просториите. Додуше не биле сосема сами бидејќи биле еден куп функционери… – затворен цитат.

Сега одиме со дополнувањето. Имено не се случило само негодување и напуштање на салата, туку летале и шамари. И наместо тоа да се смета како инцидент членството било задоволно што конечно дошле во прилика да му кажат на Бунтур што мислат за него и неговото практицирање на политиката низ призма на одење на семинари по странство на кои се тренираш на сервилност. Јанушев одмолчел. Други пак извори од Белата Палата ни говорат дека ова било смислено однапред за да го лизнат Пеце. Оти барале начин како да се ослободат од него свесни на незадоволството од него… Но за тоа деновиве. А и за тоа како си поминал Јанушев во Прилеп.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...