Најбараниот американски криминалец го препознала туристка

Loading...

Најбараниот американски криминалец, педофилот Ерик Џастин Тот кој беше уапсен во Никарагва по петгодишно бегство, бил препознаен од една американска туристка, пишува The Washington Post.Триесет иедногодишниот Ерик Џастин Тот со туристката на којашто не и се споменува името, којашто во Никарагва била на одмор, се сретнал на 18-ти април во врска со некои општествени обврски“, пишува весникот повикувајќи се на извори во американскотo федерално истражно биро FBI. Таа го препознала од медиумските извештаи и за тоа ги известила властите. Полицијата во Никарагва го уапси минатата сабота и веднаш беше екстрадиран во САД.Со неговото апсење завршена е петгодишната потера по човекот кој минатата година го замени Осаман бин Ладен, по неговата ликвидација во мај 2012 година во Аботебад во Пакистан, на листата на FBI од десетте набарани криминалци.Овој поранешен учител кого американските власти го нарекуваат „мајсторот на социјалните контакти“, се користел со два лажни идентитета и дури го режирал сопственото самоубиство за да и` побегне на полицијата.Полицијата во Никарагва објави дека Тот живеел во градот Естела под името Роберт Шау Волкер. Фалсификувал американски пасош, возачка дозвола и кредитни картички. Висок и слаб, Тот бил препознатлив по бемката под левото око. Во јавноста ја криел со фластер, се наведува во полициското соопштени.Тот уште во вторникот беше изведен пред сојузниот суд во Вашингтон и му е одредено задржување во затвор без право на кауција. Соочен со две обвиненија, производство на детска порнографија и нејзино поседување, доколку биде осуден по двете, може да добие од 15 до 50 години затвор.Тот работел како учител во пониските одделенија во „Беавоар“, основно училиште кое се наоѓа на земјиштето на вашингтонската национална катедрала. Во 2008 година полицијата во неговиот компјутер пронашла 68 фотографии и снимки со детска порнографија, од кои најмалку еден го снимил Тот сам со едно детенце во неговата училница. Истрагата сега настојува да востанови дали имало уште жртви.Тот е 469-от бегалец од листата на десетте најбарани лица од FBI откако таа почнала да се применува пред 63 години.
МакфаксНајбараниот американски криминалец, педофилот Ерик Џастин Тот кој беше уапсен во Никарагва по петгодишно бегство, бил

loading...
Loading...