Највкусната диета за којашто некогаш сте чуле

Диетата со кајгана звучи неверојатно, но функционира само доколку правилно се изведе. Познато е дека свежите јајца имаат многу белковини, витамини А, Ц, Е и Б, како и дека се богати со минерали. Можат да ве заситат, се подготвуваат многу едноставно и на различни начини, а претставуваат вистинска енергетска бомба, особено кога ги јадете за појадок.
Па, ако секое утре појадувате кајгана со свеж патлиџан и лук, шансите дека ќе ослабете ви се зголемуваат за неверојатни 65% и тоа во рок од 2 месеци. Барем тоа го докажало едно интересно истражување што било објавено во списанието „National Institutes of Health“.


Се препорачува да се јаде исклучиво кајгана, додека појадокот може да биде разновиден така што повремено ќе ги замените јајцата со овесна каша или јогурт со овошје.
Кајганата е одличен избор и за вечера, затоа што скоро и да не содржи јаглехидрати, па ќе ви помогне брзо да стигнете до посакуваната витка линија. Од друга страна пак, јајцата се одличен оброк и по тренингот, затоа што содржат доволно белковини да го поттикнат растот на мускулите. Само треба да ја обогатите кајганата со зеленчукот што го имате во својот фрижидер.
Кога од вашето мени ќе ги исфрлите јаглехидратите, вие ќе почнете да ги топите масните наслаги. За најдобри резултати, јадете кајгана баре 4 пати неделно. А ако сте едни од оние што не можат да јадат кајгана без леб, тогаш земете едно парче интегрален леб од цело зрно со цел да ја зголемите ситоста.

Loading...