Највкусната салата со тиквички

2 тиквички
200 мл кисела павлака
50-70 г сирење
1 врзоп магдонос
2-3 чешниња лук
1 лажичка копар
јаболков оцет
масло
сол
Тиквичките ги сечеме на кругови, ги посолуваме и ги оставаме да се исцедат. Од двете страни ги премачкуваме со малку масло и ги редиме во тава обложена со хартија. Печеме во загреана рерна околу 20 минути на 180 степени.
На испечените тиквички го додаваме исечканиот лук, и ги прелеваме со масло и оцет. Врз салатата ги  ставаме павлаката, сирењето и магдоносот.

Loading...