Највкусниот овошен непечен колач

Loading...
300 г бисквити
1 литар млеко
150 г шеќер
4 пудинга од ванила
2 лажици густин
1 кесичка желатин
500 г шумско овошје
1 прелив за торта
10 лажици шеќер
500 мл слатка павлака
Сварете ги пудингот и густинот во млекото, па оставете да излади. Додадете ја изматената слатка павлака и добро измиксајте. Потоа додадете го желатинот подготвен според упатството на кесичката и уште малку миксајте го кремот.
Намрсете правоаголна тава (32х24 см) со путер, па наредете ги бисквитите натопени во млеко. Нанесете го кремот, израмнете и изладете.
Овошјето ставете го во тенџере и сварете го. Додадете го преливот размешан со малку вода и кратко време ставете на оган да проврие. Изладете 3-4 минути, па прелијте врз кремот и оставете да се стегне и излади.
loading...