Најголемите 4 лаги на Мицкоски

Лага број 1 на Мицкоски

Според него, Ковачевски би направил огромна грешка ако ја одобри оваа рамка бидејќи во тој случај Македонија би влегла во Европската унија асимилирана и бугаризирана.

Мицковски, фото Фејсбук

Вистина:

Ова е ноторна лага и средство за заплашување на граѓаните. Република Северна Македонија никогаш нема да биде ниту асимилирана ниту бугаризирана. Тоа не и успеало на Бугарија за време на на Втората светска војна, а не па денес кога сме независна држва и членка на НАТО. Не може да стане збор за бугаризација кога имаме чист македонски јазик.

Рамката за преговори за членство во ЕУ е рамка за разговори меѓу двајца рамноправни партнери со посредство на ЕУ. Во текот на преговорите околу сите отворени прашања ќе прифатиме само она што сметаме дека е достоинствено и праведно како и до сега. Го заштитивме јазикот и идентитетот и во тој дух треба да продолжиме понатаму но за тоа да се случи и процесот треба да продолжи.

Лага број 2 на Мицкоски

Ако нас ни значи Македонија, ако ни значи делото на нашите предци, ве повикувам утре како граѓанин обичен, да излеземе пред платото на владата и да кажеме едно големо НЕ во 19 часот.“

Вистина:

На Мицкоски Македонија му значи само за него личен и партиски интерес. Неговата партија е таа која суштински го менуваше идентитетот на нашиот народ, која ги потценуваше великаите на нашата литература, лустрираше поети и наметна лажно античко минато. Партијата на Мицкоски е таа која ги слави крвниците на македонските реовлуционери, која дигна споменик на Ќосето со нож во рака, која во својот статут го има Ванчо Михајлов. ВМРО-ДПМНЕ е партија на лицемери кои ги користат и злоупотребуваат националните чувства за своја политичка корист. Никогаш ниту ги интересирала државата ниту Македонците туку како да го ограбат. Вистински патриотизам значи грижа за граѓаните, развој на државата, обезбедување сигурност за децата, обезбедување мир и заедништво. Тоа го прави и ќе го прави СДСМ како државотворна партија.

Лага број 3 на Мицкоски:

Со жалење морам да констатирам дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот, и во делот на идентитетот.

Ваквиот предлог подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат а нашите деца во основното образование да учат според бугарскиот диктат или нема европска иднина. Прифаќање дека Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останатите херои револуционери биле Бугари. Дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Секој кој како Владата и Ковачевски, Османи и Маричиќ ви кажува нешто поинаку, ви кажувам со сиот мој дигнитет и име дека не ја говори вистината – или да бидам подиректен и вулгарен: ве лажат

Вистина:

Ова е уште една бесрамна лага од страна на Мицковски. Токму заради тоа што ништо од таквите барања не е прифатено бугарските националисти бараат да се поништи одлуката за симнување на ветото од страна на Бугарскиот парламент.

Ниту имаме обврска за тоа да разговараме ниту да прифатиме било што без наша согласност. Лага е дека некој има право да ги менува нашите учебници, лага е дека ќе се прифатела бугарската интерпретација на историјата. Лага е дека ќе сме прифатиле дека, македонските револуционери и јунаците од нашата химна биле Бугари.

И лага е дека ќе сме прифателе дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, што и за него да мислата во Бугарија или да кажуваат.

Историската комисија има долг мандат пред себе да најдат соодветни решенија за сите отворени прашања кои во нема да бидат навредливи или недостоинствени за било која од страните. Вака комисијата работи веќе неколку години и така ќе продолжи да работи. Се што ќе биде одлучено ќе биде предмет на транспарентна расправа, токму како оваа сега за францускиот предлог.

Мицкоски и неговите советници или не знаат да читаат или се што ќе прочитаат погрешно интерпретираат. Тоа се политичари кои околу себе гледаат само национални предавници, бидејќи во основа поинаку не може да водат политика. Мицкоски само знае да шири страв и го плаши македонскиот народ со некакви предавници и меѓународни заговори.

Лага број 4 на Мицкоски

Апсурдно да се бориме за иднината ако преговараме за работи кои се случиле пред десетина векови и затоа, како што посочи, сега е моментот народот да биде гласен.

Вистина

Нема иднина за еден народ ако не го одбрани своето историско минато колку и тоа да биде од некого негирано и фалсификувано. Ние не преговараме за него туку го браниме. Но и не го фалсификуваме како тоа што го правеа Груевски, Мицковски и нивната партија. Најголемиот фалсификат на македонската историја и идентитет го правеше токму ВМРО-ДПМНЕ. Целосна конфузија и нови идеали изгради нивната партија под превезот на патриотизмот а со една цел – криминал наречен Скопје 2014. Минатото си го знаеме и ќе го одбраниме, ова што го правиме е за навек да имаме јасни позиции, но и државата да напредува. Напредокот му пречи на Мицкоски, не историјата – се вели во СООПШТЕНИЕТО НА СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.