Најдена џиновска златна рипка во водите на Езерото Тахо

Loading...

Нов вид на езерско `чудовиште` е најдено во длабочините на Езерото Тахо.

Се работи за џиновска златна рипка. Истражувачите кои барале инвазивни рибни видови ја пронашле златната рипка која била долга околу 50 сантиметри и тешка 2,5 килограми.
 „За време на ова пребарување, најдовме убав агол во кој имаше 15-тина други златни рипки”, вели научникот за животна средина Садип Чандра од Универзитетот во Невада, за LiveScience.
 „Има индикации дека се развивале и дека се пареле”, вели Чандра, а појаснува дека во водите на Езерото Тахо стигнале откако сопствениците на миленичиња ги исфрлиле од аквариумот во езерото.
 Не се знае дали рибите кога биле фрлени во езерото биле возрасни или се уште мали, но Чандра вели дека тие можат да направат разлика дури и ако се мали, само ако има доволно од нив.
 Златните рипки се само еден од повеќето видови инвазивни риби во Езерото Тахо.
 „Инвазијата е резултат на истиснување на природните видови”, вели Чандра. Но, инвазивните видови лачат екстракти што предизвикуваат цветање на алгите, што може да доведе до заматување на чистите води на Езерото Тахо.
Макфакс
Нов вид на езерско `чудовиште` е најдено во длабочините на Езерото Тахо.

С

loading...