Најдобрата баклава на светот: Славниот готвач додава една посебна состојка

Loading...

Кај професионалните слаткари, рецептот за баклава не застанува на ореви, путер и шеќер… еве што е неопходно за таа да биде најдобра.
Славниот готвач и слаткар Пол Холивуд ги знае сите тајни на источната кујна, па така открил дека во својот рецепт за баклава задолжително додава и една посебна состојка – ружина вода.
Оваа префинета течност, која се прави од дамаскни рози, дава фантастична арома која го исполнува целиот дом кога се подготвува овој десерт.


Пол вели дека е доволна само една лажица ружина вода за полн плех баклава, па затоа не треба да штедите кога ќе го набавувате овој драгоцен сладок зачин.
Неговиот рецепт за баклава се базира на корите кои самиот ги подготвува од половина килограм брашно, 2 јајца и околу 150 гр. масло (половина може да биде путер, а половина масло за јадење).
Меѓутоа, тој во тестото додава и околу 150 мл. грчки јогурт и 1 лажица бело вино. За расукување, ја посипува површината со пченкарно брашно за корите полесно да се одвојуваат.
Во филот става цели 700 гр. јаткасти плодови, а претпочита да става половина ореви и половина ф’стаци. При филувањето додава дури 400 гр. путер.
Сепак, фокусот е на сирупот кој го прави од 350 гр. мед и 150 гр. шеќер, со додаток на ружина вода и парчиња лимон.

loading...
Loading...