Најдобриот бар на плажа во светот е…

Loading...

Каде ако не на брегот на Карипското Море, се наоѓа најубавиот бар на плажа во светот.
Баровите на плажа се посебен вид на угостителски објекти. Тоа се места со исклучителен шарм, каде додека уживате во погледот на бескрајното синило и ветрот во коса, како и безгрижноста, се насладувате и со некој сладок коктел. И на задоволството му нема крај.

Токму такво искуство ќе ви пружи и во барот наречен „Dune Preserve Beach Bar” кој се наоѓа на островот Ангвила, а според CNN неодамна се најде на врвот на листата на 50те најдобри барови во светот.
Станува збор за бар направен од дрво, опкружување со стари рибарски чамчиња украсени со школки и сопственик на истото, музичар и тоа бившиот реге музичар Банки Бенкс. Сето ова го прави „Dune Preserve Beach Bar“ совршено место за оние кои некогаш помислиле да заминат на Карибите и да уживаат во атмосфера загреана од рум и добро реге, надополнета од беспрекорна природа.Каде ако не на брегот на Карипското Море, се наоѓа најубавиот бар на плажа во светот.

loading...
Loading...