Најдобриот рецепт за вкусно и сочно трилече

Loading...

Сочно, меко и кремасто и одличен спој на млечен колач со карамел прелив.
Потребни состојки:
1 печиво
6 јајца
300 г шеќер
300 г брашно
1 л млеко
1 л слатка павлака
500 г карамел
Начин на подготовка:
Изматете ги пенасто јајцата со шеќерот, па додадете ги брашното и печивото. Префрлете ја смесата во намрсен и набрашнет плех (30х22). Печете на 180 С околу половина час. Оставете го пандишанот целосно да се излади. На пандишанот направете дупчиња со вилушка, па додајте ги стоплените слатка павлака и млеко.
На крај премачкајте готов или домашен карамел прелив.
Доколку сакате поинтересна декорација изматете околу 50 мл слатка павлака.
Сервирајте веднаш или најубаво да отстои најмалку 2 часа убаво да впие сè и убаво да се излади.

loading...