Најдобриот рецепт за домашен бурек со месо

Loading...

Пробајте го овој едноставен рецепт за домашен бурек со месо и уживајте во вкусниот појадок со целото семејство.
Состојки:
Половина килограм кори за пита
1 шолја вода
1 шолја масло
3 шолји млеко
Лажичка сол
За фил
150 гр. мелено месо
1 главица кромид, ситно исецкана
Сол и бибер по вкус


Начин на подготовка:
Пакувањето со кори поделете го на два еднакви дела. Во помало тенџере измешајте млеко, вода, масло и сол, па ставете го неколку минути на огин. Испржете го месото и кромидот и посолете по вкус.
Тавчето за печење бурек намачкајте го со масло. Првата кора оставете ја сува, а сите останати потопете ги во течната смеса со млеко, вода и масло.
Кога ќе потрошите половина од корите, ставете месо а потоа додајте ги и останатите кори кои исто така претходно ќе ги потопите во млеко.
Оставете го бурекот да отстои половина час, па печете во загреана рерна на 200 степени.

loading...