Најдобриот рецепт за салата од туна

Потребни состојки:
-едно пакување поситни тестенини
-4 лажици сок од лимон
-1 жолчка
-2 чешни лук
-3 филети инчун во масло
-4 до 5 лажици маслиново масло
-2 лажици масло од сусам
-3 лажици сос од соја
-една поголема или две помали конзерви од туна
-сол и бибер
-4 до 5 домати
Начин на подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода, па исцедете ги и измијте со студена вода за да се оладат. Иседете ги повторно и ставете ги во поголем сад. Додадете ситно исецкан млад кромид и домати.
Во блендер ставете во сокот од лимон, жолчката, лукот, инчун рибите, маслиново масло, масло од сусам, сос од соја, туната, сол и бибер.
Сето заедно изблендирајте го додека не добиете кремаста содржина. Добиениот сос прелијте го над тестенините, кромидот и доматите, па добро измешајте.
Додадете зачини по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.