Најдобриот рецепт за солени палачинки со тиквичка

Loading...

Предлог што да зготвите за денешниот ручек.
Потребни состојки:
3 јајца
350 мл млеко
100 мл газирана вода
1 тиквичка
50 гр путер
250 гр брашно
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Излупете ја тиквичката и изрендајте ја. Посолете ја и оставете ја да отстои околу 20 минути, а потоа исцедете ја. Изматете ги јајцата во длабок сад и посолете. Може да додадете и други зачини по ваша желба.
Додајте брашно, млеко и газирана вода за да направите смеса за палачинки. Смесата треба да биде малку погуста. Ставете ја тиквичката во смесата и промешајте. Испржете ги палачинке. Може да ги послужите со павлака, да ги наполните со мелено месо и да ги запечете. Добар апетит!

loading...