Најдостапни дестиинации за македонците

Loading...

Во последниве години голем број на Македонци летуваат најчесто во соседните држави или малку пошироко, а се помал е бројот на оние кои одлучуваат да заминат на некоја подалечна дестинација како Франција, Германија, Италија, а пак едвај е забележителен бројот на граѓани кои се одлучуваат да ги посетат тропските дестинации, надвор од Европа.
Најчесто посетувани се Грција, Бугарија и Турцја, а во последно време подостапна и актуелна дестинација претставува и Албанија. Веројатно и оваа година ќе биде иста, бидејќи цените на аранжманите се скоро исти, иако сепак има можности, а и стандардот во државата не е нешто значително зголемен, така што граѓаните не можат лесно да си дозволат без заштеда или план да ги посетат подалечните места. Почетокот и крајот на летната сезона се најефтини за патување. Цените, за неколку дневен одмор, седум до десет дена, на пример во Грција варираат од 75 до 350 евра во зависност од периодот и хотелот на сместување. Бугарија е малку поскапа и летувањето за 10 дена чини од 100 до 400 евра, а за Турција потребно е најмалку 170 евра, на почеток или крај на сезона, секако во овие цени не се вклучени луксузните хотели.
Сепак, македонците секогаш наоѓаат начин за добра забава, без разлика дали се во состојба да заминат на неколку дневен одмор или не, а има и доста агенции кои се трудат да овозможат поповолни услови и со тек на време, да се надеваме, доста интересни, егзотиччни и далечни дестинации ќе станат достапни и за нас.Во последниве години голем број на Македонци летуваат најчесто во соседните држави ил

loading...
Loading...