Најлесните баунти колачиња кои ќе си ги правите во неограничени количини

Loading...

Со овој рецепт возможно е во секое време да имате мини слатки задоволства полни со кокос.
Ако сте љубители на баунти колачиња и чоколатца, овој рецепт е вистинскиот за вас – се прави во блендер и се јаде во неограничени количини.
Потребни состојки:
250 g незасладен рендан кокос
150 g кондензирано млеко
200 g сечкано темно чоколадо
100 g рендано темно чоколадо
1 лажица кокосово масло

Начин на подготовка:
Во блендер измешајте го кокосот неколку минути. Додадете го кондензираното млеко и мешајте додека не се соединат.
Ставете ја смесата во плех на хартија и распоредете ја насекаде во висина од 1 cm. Оставете во фрижидер 1 час.
Исечете го кокосот на правоаголни фигури и повторно оставете во фрижидер.
Стопете го исечканото чоколадо на пареа, тргнете го и потоа додадете го и ренданото чоколадо. Мешајте додека не се стопи и соедини цела смеса.
Додадете го кокосовото масло и потопете ги во смесата кокосовите плочки.
Наредете ги на хартија за печење и оставете во фрижидер додека да се исуши.

loading...