Најмалку пет загинати во експлозија на гас во Чешка

Loading...

Бројот на жртвите од експлозијата на гас во станбена зграда во Чешка се искачи на пет, а меѓу загинатите има и дека, пренесува во понеделникот Associated Press, повикувајќи се на локални власти.

 
Според претходните информации, беше јавено за двајца загинати и 11 повредени.
Несреќата се случила во неделата во центарот на градот Френштат-под-Радгоште, во областа во Моравија. По експлозијата, на местото на инцидентот биле испратени екипи со кучиња трагачи, полициски, медицински и противпожарни екипи. Спасувачите тимови ги евакуирале жителите од соседните куќи. Според локалните жители, се слушнале три моќни експлозии.
Според локалните власти, во потрагата во понеделникот биле пронајдени телата на три мртви деца. Досега, уште едно лице се води како исчезнато, соопшти во понеделникот локалната полиција.
Истражните органи уште ги испитуваат причините за трагедијата.
Макфакс
Бројот на жртвите од експлозијата на гас во станбена зграда во Чешка се искачи на пет, а меѓу

loading...