Најмалку пет лица ги загубија животите во поплавите во Шпанија

Loading...

Во страшните поплави што го зафатија југоистокот на Шпанија најмалку пет лица ги загубија животите. Најновите две жртви настрадаа во градовите Гренада и Аликанте, додека претходните три жртви беа најдени вчера наутро.
Поради големите поплави , предизвикани од силните дождови голем број патишта се затворени, а во провинциите Севиља , Кордоба и Толедо е прогласен портокалов метеоаларм, поради најавите за нови врнежи.

 

loading...