Најмалку 18 загинати и 100 ранети на предизборен митинг во Пакистан

Loading...

Осумнаесет луѓе загинаа а повеќе од сто се ранети во понеделникот во селото Севак во северозападен Пакистан во експлозија подметната на предизборен собир, пренесе порталот Dawn повикувајќи се на локални функционери.Од почетокот на април исламистичките екстремисти убија повеќе од 70 луѓе во нападите врз трите водечки пакистански партии, во обидот да спречат многу кандидати да се ангажираат во кампањите, но досега секогаш цели им беа умерените партии а не верските.Според првичните информации, експлозивната направа била активирана на предизборниот митинг на верската партија Џамиат Улема-е-Ислам во северозападната паштунска племенска област Курам, во дворот на локално училиште во кој биле присутни околу три илјади луѓе.Партијата Џамиат Улема-е-Ислам е конзервативна политичка партија, формирана од страна на симпатизерите на движењето Деобанди од сунитскиот ислам. Според различни процени, до 15 отсто од Пакистанците се сметаат припадници на овој правец во сунтискиот ислам. Оваа партија според резултатите од изборите во 2008 година стана една од оние коишто ја формираа владејачката коалиција.Повеќето аналитичари сметаат дека исламистичките терористи сакаат да го спречат одржувањето на општите избори закажано за 11-ти мај, коешто се смета за клучно за консолидацијата на демократијата во земјата со 180 милиони жители речиси стопроцентно муслиманска и нуклеарна сила по годините на воена управа.Пакистанското министерството за внатрешни работи претходно предупреди за можно интензивирање на активностите на екстремистите кои сакаа да го спречат одржувањето на изборите за Долниот дом на парламентот и за составите на провинциските законодавни тела. Во април, екстремистичка група Техрик-и-Талибан Пакистан започна со растурање летоци во голем број градови со кои на граѓаните им беа упатени смртни закани доколку не се воздржат од учество на изборите. Техрик-и-Талибан Пакистан сметаат дека демократијата му противречи на исламот, и затоа талибаните се спротиставуваат на сите нејзини облици. Тие тврдат дека водат борба со светските сили и пакистанската влада којашто добива поддршка од странските секуларни држави.По правило, досега цели на талибанските напади беа претставниците на Националната партија Авами (социјалистичко движење) и либералното движење Мутахида Коми.
МакфаксОсумнаесет луѓе загинаа а повеќе од сто се ранети во понеделникот во селото Севак во северозападен Пакистан во експлоз

loading...
Loading...