Најмалку 51 жртва од фалсификуван алкохол во Либан

Loading...

Во бранот труења со алкохол од домашно производство починало 51 лице, а 378 се затруени од саботата до понеделникот во градот Триполи, покажуваат податоците на либиското министерство за здравство објавени во понеделникот.Во соопштението се наведува дека 38 лица, на возраст меѓу 19 и 50 години, починале во болниците во Триполи по консумирањето на фалсификуваниот алкохол и уште 13 лица чиишто семејства сакале да ги префрлат во соседен Тунис починале во текот на патувањето. Меѓу затруените покрај граѓани на Либија, регистрирани се и државјани на Тунис и на Алжир.Покрај тоа, затруени се уште 378 луѓе, според соопштението на министерството коешто апелираше до Либијците да престанат да пијат алкохол. Според министерот за здравство на Либија, Нури Догман, отворена е истрага која треба да доведе до одговорните за оваа трагедија.Смртта кај жртвите настапила главно поради откажувањето на работата на бубрезите. Некои од жртвите на труењето останале слепи, а некои се во кома, соопшти министерството за здравство.Забележливо е дека по соборувањето на режимот на поранешниот водач на Либиската Џамахирија, полковникот Моамер ел-Гадафи, трговијата со алкохол и дроги значително се зголемила во Либија.Продажбата и консумирањето на алкохолните пијалаци е забрането во Либија, меѓутоа криумчарениот алкохол редовно доаѓа на црниот пазар на кој се продава фалсификуван алкохол, кој често се произведува во домовите или во нелегални погони сокриени далеку во пустината.Според првичните информации, изворот на труење може да е локален алкохолен пијалак наречен „боха“ (bokha) произведен во градот Гаргареш . Засега нема осомничени за изработката на овој опасен пијалак.
МакфаксВо бранот труења со алкохол од домашно производство починало 51 лице, а 378 се затруени од саботата до понеделни

loading...