Најмногу активни ковид-случаи во Скопје, Штип и во Гостивар, ниту еден само во Пехчево

Loading...

Статистиката на Министерството за здравство покажува дека моментно во државава имаме 3.648 активни случаи. Најмногу и понатаму во главниот град, 1.335, а само во Пехчево нема ниту еден случај. Зад Скопје, според бројноста на активни случаи се Штип со 400, Гостивар 326, Куманово 276, Струга со 195, Тетово 190, Дебар 127… По завчерашнате 200 нови случаи, вчера беа регистрирани нови 85, од вкупно направени 1.188 тестирања, 42 оздравени пациенти и четворица починати. Бројот на ковид дијагностицирани в


Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека на Инфективната клиника се хоспитализирани вкупно 79 пациенти, а во болницата во Козле 15 возрасни и четири деца позитивни на вирусот, како и пет пациенти суспектни. Во ГОБ „8 Септември” се хоспитализрани 76 пациенти, во болниците во Битола и во Штип, 28 односно 50 пациенти, како и 123 на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга.

loading...