Најмоќното женско парче гардероба во режија на Ева Лонгорија: Прекрасна боја и чевли кои ги кршат сите модни правила

Актерката Ева Лонгорија е синоним за сексапил, женственост и убавина.
Таа се разликува од многу познати дами бидејќи по породувањето гордо ги носеше вишокот килограми, а кога почувствувала дека е подготвена за промена, започна со напорните тренинзи и здравиот начин на исхрана.
Резултатот не изостана – Ева сега изгледа подобро од некогаш.
Бидејќи е висока само 157 центиметри, на актерката ѝ е важно парчињата кои ги носи добро да ѝ прилегаат, а тоа се чини ѝ оди од рака. Лонгорија докажа дека знае што е одличен стил и неодамна, кога на улиците на Њујорк прошетала во совршено скроено одело во ефектна боја.

Изданието на актерката е олицетворение на пролетта – таа избрала одело во портокалова боја составено од панталони со висок струк кои визуелно ја издолжиле нејзината фигура и нежно струкирано сако со потполнки.
Комбинацијата ја заокружила со луксузен накит и чевли во розова боја кои се наѕирале под долгите панталони.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.