Најпопуларниот рецепт на интернет: Пастирска пита е британскиот специјалитет кој ќе ве освои

Loading...

Доколку се прашувате што да зготвите за ручек во наредните денови или пак за вечера, пастирската пита е одличен избор.
Овој рецепт едноставно го освои светот, а за вкусот многумина се согласни дека е уникатен и долго се памети.
Состојки:
– 1 лажица масло за јадење;
– 2-3 средни моркови;
– 1 кромид;
– 500 грама мелено јунешко месо;
– 2 лажици концентрирано доматно пире;
– 1 шолја замрзнат грашок;
– 0,5 литри вода;
– 1 ловоров лист;
– 1 лажица црвен пипер;
– 1/4 лажичка чили;
– 900 грама компир;
– 2 децилитри павлака за готвење;
– сол, бибер.


Подготовка:
Исецкајте ги кромидот и морковите, па издинстајте ги околу 10 минути на тивок оган. Додадете го маслото за јадење, па динстајте додека смесата не добие боја.
Додадете го пирето од домати, грашокот, зачините, па повторно варете откако садот ќе го поклопите со капаче (околу 30 минути).
Од компирите направете пире и измешајте го со павлаката за готвење.
Месото ставете го во калап за печење, врз него ставете ги смесата која ја варевте и пирето од компири, па ставете во рерна да се пече 20-25 минути на 180 степени Целзиусови.
Пријатно јадење!

loading...